
5-ти декември – Светски ден на волонтерството
Во знак на оддавање признание и благодарност на волонтерите за нивниот несебичен придонес во зајакнувањето на нашата заедница, но и промовирање на волонтерството помеѓу граѓаните и институциите Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп со низа на активности го одбележа 5-ти декември – Светскиот ден на волонтерството. Најпрво се реализира отворен ден во просториите на каде што сите заинтересирани претставници од локалната заедница, граѓани, ученици и претставници од други организации имаа можност на овој симболичен настан да волонтираат и помогнат на одредена целна група граѓани. Исто така на одделен настан беа доделени признанија за најактивните волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во текот на изминатата година.












































