Дисеминација
Што е дисеминација?
Во поширока смисла на зборот дисеминација е ширење на знаењата за Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, улогата и мандатот на Меѓународниот комитет на Црвен крст, Меѓународна федерација на национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и активности на национални друштва, основните принципи на Движењето, Меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности.
Основни принципи:
- ХУМАНОСТ
- НЕПРИСТРАСНОСТ
- НЕУТРАЛНОСТ
- НЕЗАВИСНОСТ
- ДОБРОВОЛНА СЛУЖБА
- ЕДИНСТВО
- УНИВЕРЗАЛНОСТ
Дисеминацијата е една од приоритетните цели на Црвениот крст на РСМ како законска и статутарна обврска.
Дисеминацијата ја вршат едуцирани кадри (волонтери и професионално вработени) чие оспособување започна од 1995 година од Меѓународен комитет на Црвен крст (МКЦК).
Во профилот на дисеминаторите опфатени се лица со мешана образовна,возрасна, полова и етничка структура.
Како целни групи на слушатели се главно ученици од основното и средно образование, студенти, претставници на месна и локална самоуправа, невладини организации и здруженија на граѓани, како и членови на раководна структура во ООЦК.

Теми кои се обработуваат на презентациите се: историјат на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумсечина, основните принципи, амблемот на Црвениот крст, мандатот и активностите на компонентите на Движењето, активности на Црвен крст на РМ, Меѓународно хуманитарно право со Женевски конвенции од 1949 година и Дополнителни протоколи од 1977 година. Во зависност од целната група на слушатели се презентираат и соодветни теми. За презентација се користат печатени и видео материјали, прирачници, флип чартови и нагледни средства.
Специфични цели
- Градење капацитет на волонтерска мрежа
- Јакнење на програмата за дисеминација/комуникација
- Обука на вработени во Организацијата на Црвениот крст
- Дисеминациски сесии од едуцирани дисеминатори
- Печатење и промоција на материјали
Активности
Дисеминациски сесии – Дисеминаторите од општинските организации на Црвен крст и Градската организација на Црвен крст Скопје месечно вршат дисеминациски сесии во општините со одредување на целни групи на слушатели и во зависност од тоа одржуваат презентации од програмските содржини на дисеминацијата.
Работилници со дисеминатори – Заради континуитет на информирањето, извештај и договор за натамошни чекори, за подобро запознавање на дисеминаторите од областа на МХП, посебно се обработуваат одредби од Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година и воопшто МХП.
Едукација на кадри – Преку семинари на Црвениот крст се врши оспособување на волонтери за реализирање на активности за дисеминација.
Проектни активности
ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ АКТИВНОСТИ – проект (Линк)
Проектот “Црвен крст во акција – Промоција на Хумани Вредности” ЦКА-ПХВ е инициран во 1996 година од страна на Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), со поддршка на Норвешкиот Црвен крст.
Главната цел на ЦКА-ПХВ е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.
Мисијата на програмата ЦКА-ПХВ е промовирање на културата на дијалог, како основен предуслов за градење на интеркултурно општество и промовирање на активно знаење и активен однос кон животот, преку принципите и вредностите на Црвениот крст.

- Прирачник за општа дисеминација на МХП
- Прирачник за општа дисеминација на МХП за законодавна и извршна власт
- Прирачник за општа дисеминација на МХП во структури на безбедност, одбрана и здравство
- Прирачник за општа дисеминација на МХП за новинари
- Прирачник за општа дисеминација на МХП за локална власт
- Прирачник за општа дисеминација на МХП за млади