СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

На ниво на организациона поставеност функционираат 34 општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.

Во својата структурна поставеност, Црвениот крст на РМ има Собрание, како највисок орган на управување, Извршен одбор како извршен орган, Претседател, два Потпретседатели, Финансиска ко­ми­сија, Млади на Црвениот крст и комисии како со­ве­тодавни работни тела, Генерален секретар со Стручна служба.

Црвениот крст на Република Македонија, во текот на своето 61 годишно постоење и работа има долга и успешна активност во изминатите години во служба на човекот. Националното Друштво прерасна во современа, ефикасна но и автономна организација, рамноправен партнер со сите национални друштва во Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Црвениот крст на РМ со своите акции и активности ја докажа улогата на организација која е кадровски и технички спремна и способна успешно да работи на надминување и разрешување на проблемите и прашањата кои што се поставуваат пред членството на Црвениот крст на РМ.

Организирани се голем број активности од социјалната програма, здравственото воспитување и превентивата, првата помош, превенција на болести на срцево крвните садови, превенција на ракот, превенција на туберкулозата, превенција на зависностите, психолошка поддршка, грижата за бегалците и раселените лица, унапредување на крводарителството преку доброволност, анонимност и бесплатност, програма за подготвеност во услови на катастрофи и обука, а посебно внимание е посветувано за современа дисеминација и ширење на меѓународното хуманитарно право и активностите на Младите на Црвениот крст како и голем број други активности.

Во наредната активност сме упатени на сопствените ресурси зошто основата на стратегијата за натамошниот развој во Меѓународната федерација е децентрализација на програмите и поголема зависност од сопствените потенцијали и проекти освен на странски и од домашни донатори. Зголемување на бројот на волонтерите и мобилизирање на заедниците. Тоа претпоставува зголемување на капа­ци­те­тите на Црвениот крст на Република Македонија за подготвеност и ублажување на последици од катастрофи и успешна интеграција во европските иницијативи.

ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Последниве години на планот на институционалниот развој се преземани мерки и носени се одлуки за зго­лемување на ефикасноста во работењето, иницијативи за зголемување на капацитетите и јакнење на волонтаризмот и се правени дополненија и ревизија на Статутот за создавање услови за поефикасно функционирање на органите и облиците за дејствување, рационализација на трошоците за остварување на функцијата и единство во акцијата, координирано и синхронизирано дејствување на конститутивните делови.

Црвениот крст на РСМ, направи проценка и анализа на состојбите на севкупното работење на општинските организации на Црвен крст, која претставува појдовна основа за ефикасно трансформирање и реорганизација на сите сегменти на националното друштво. Со неа се утврдија јаките страни, слабостите, можностите и заканите на општинските оргнизации на Црвениот крст. Податоците говорат за: структурата на управата и раководството, материјално техничката опременост, бројот на активни волонтери и инфраструктура на Црвениот крст на РМ, од кои Црвениот крст на РСМ доби реална слика за кадровските и материјалните капацитети во ООЦК. Добиените резултати ги детектираа најитните потреби, приоритети и предизвици во ООЦК. Процената и Анализата обезбедува добра основа за краткрочни и долгорочно планирање со континуиран мониторинг и евалуација на работата на општинските организации на Црвен крст.

Во Р.С. Македонија се донесени повеќе закони и подзаконски акти кои го засегнуваат Црвениот крст на РСМ, со што само се потврдува статусот на помагател и партнер на Владата на РСМ на Црвениот крст на РСМ.

< врати се назад