ОРГАНИЗАЦИОНЕН РАЗВОЈ
Основната заложба на националното друштво е да обезбедува квалитетни хуманитарни услуги за ранливото население во земјата преку мобилизирање и организирање на човечки и материјални ресурси. Постигнатите резултати и напредокот на националното друштво во сите сфери на својата работа, претставуваат добар предуслов за континуитет во спроведувањето на реформски активности и за трансформирање на организацијата во силно национално друштво кое добро функционира. Развојните определби на националното друштво се примарно насочени кон подобрување на имиџот на националното друштво во земјата и во рамките на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и кон подобрување на квалитетот на услугите за различни категории на корисници на услуги и надградба на капацитетите на интегралните делови на националното друштво.











































