октомври 1, 2025

Еднодневна екскурзија

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во рамките на Локалниот акционен план за лица со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства реализираше еднодневна екскурзија со 11 штитеници од Дневниот центар Ѕуница. На посетата штитениците од Дневниот центар Ѕуница заедно со волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп имаа можност да се дружат меѓусебно и да се запознаат со природните убавини покрај реката Бабуна. Сите овие активности се финансиски поддржани од страна на Комерцијална банка.

< врати се назад