
октомври 22, 2025
Едукативни трибини за мотивирање на млади волонтери
Покрај активностите кои Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ги реализираше по повод Неделата на млади имплементирани од Клубот на млади и во текот на целиот месец продолжи со реализација на активности под мотото „Биди промената што сакаш да ја видиш“ реализирајќи низа на едукативни трибини за мотивирање на младите волонтери со цел зголемување на волонтерските капацитети. По воведната дисеминација едукацијата продолжуваше со мотивациони излагања за потребата и бенефитот од волонтерскиот ангажман.












































