
јули 17, 2025
Петровденска крводарителска акција
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Оддеелението за трансфузиона медицина од Прилеп ја реализираше традиционалната крводарителска акција по повод празникот Петровден. Акцијата се реализираше во ресторанот Алтан од Прилеп и на истата прилепчани уште еднаш ја покажаа својата хуманост и несебичност при тоа дарувајќи 50 единица на крв. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп со цел мотивирање на крводарителите за сите дарители на акцијата обезбеди скромни подароци.
