октомври 22, 2025

Реализирани информативно едукативни работилници за превенција од трговија со луѓе

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше информативно едукативни работилници за борба против трговија со луѓе по повод 18 Октомври – „Европскиот ден на борба против трговија со луѓе“. Работилниците се реализираа за ученици од СОУ Ристе Ристески Ричко Прилеп и на истите се информираа за тоа како можеме да ја препознаеме трговијата со луѓе, што е трговија со луѓе и кои се последиците кај жртвите. Двете работилници помина со интерактивно учество на присутните и на истите присуствуваа 68 ученици.

< врати се назад