ноември 10, 2025

Тим билдинг

Во Клубот на млади при Црвен крст Прилеп, одржавме уште еден убав и инспиративен состанок. Овојпат решивме да внесеме малку креативност и забава преку играта „Мафија“, со која ја поттикнавме тимската работа, комуникацијата и меѓусебната доверба.

Игрите како оваа нè поврзуваат, нè учат да слушаме, да размислуваме и да се поддржуваме едни со други – вредности кои се суштината на нашата организација. Секој состанок е нова можност да создадеме пријателства, спомени и да го негуваме духот на хуманоста кој секогаш нѐ обединува.

< врати се назад