
април 24, 2025
Велигденска работилница
На 14.04.2025 година волонтери од Клубот на млади при ООЦК Прилеп беа дел од креативната работилница со штитениците од Дневниот центар за церебрална парализа по повод празникот Велигден, каде заедно направија велигденски изработки, а воедно и се дружеа.
Клубот на млади во понатамошниот период продолжува со реализација на активностите од Годишниот план за работа за 2025 година.
