ноември 7, 2025

Едукација по прва помош за ученици и вработени од ООУ Добре Јованоски Прилеп

Согласно планот на активности Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализирање на едукации по прва помош за ученици и вработени од училиштата во Прилеп. На 06.11.2025 година од страна на обучен предавач по прва помош се реализираше едукација по прва помош на која што учениците и вработените од ООУ Добре Јованоски Прилеп добијаа основни предзнаења за првата помош.

Едукацијата се реализираше во просториите на ООУ Добре Јованоски Прилеп на истата присуствуваа вкупно 90 лица и беа опфатени теми од првата помош кои што се во најголем интерес на учениците и вработените од основното училиште.

< врати се назад