март 23, 2026

Одбележан Денот на крводарителството во РСМ

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп по повод 17 Март – Ден на основањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и  Денот на крводарителството во РСМ во соработка со Локалната самоуправа на општина Прилеп под покровителство на Градончалникот на Прилеп господинот Дејан Проданоски организираше свечен прием во просториите на општина Прилеп на кој изрази голема благодарност за ангажманот на Црвениот крст, воедно честитајќи му го и празникот.

Градоначалникот стави акцент на најхуманата популација – крводарителите, заблагодарувајќи му се за нивната хуманост, а додели и јубилејни признанија за 10, 25, 50 и 100 дарувања и посака во иднина да бидат хумани и во се поголем број од година во година.

Исто така Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше крводарителска акција во просториите на општина Прилеп во соработка со Локалната самоуправа на Прилеп и Институтот за трансфизиона медицина, а поддржано од страна на Градоначалникот на Прилеп кој и самиот даруваше крв се со цел промовирање на крводарителството како еден од најхуманите чинови во Република Северна Македонија. Крводарителската акција предизвика голем интерес кај локалното население и вкупно 48 крводарители даруваа од својата драгоцена течност.

< врати се назад