мај 14, 2026

8-15 Мај Недела на Црвен крст на Република Северна Македонија – „Хуманоста обединува“

Секоја година на 8 Мај Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумеселина го одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, роденденот на Анри Динан основоположникот на нашето Движење. Оваа година глобалната тема на одбележувањето е хуманоста обединува која ја нагласува заедничката сила, солидарноста и хуманоста и ги поврзува луѓето ширум светот. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп со цел одбележување на Неделата реализира неколку промотивни настани како дистрибуција на пропаганден материјал за Движењето како и промотивни видеа од волонтери од Клубот на млади кои зборуваат за нивното лично искуство и улогата на волонтирање.

Целта на настаните е зајакнување на свеста за значењето на хуманоста и солидарноста, промоција и мотивирање на младите волонтери и придонесот и позитивното влијание кое го даваат во заедницата.

< врати се назад