
„Акција за пошумување“
На иницијатива на Сина Револуција на територијата на општина Прилеп, со цел одбележување на 14 Ноември – Светскиот ден на лицата со дијабетес се реализираше акција за пошумување. Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп заедно со општина Прилеп, други невладини организации, јавни институции, локални медиуми, основни и средни училишта, општествено одговорни компании и голем број на граѓани се вклучија во акцијата која стана не само акт на засадување на нови дрвја туку и израз на заедништво и инклузија, покажувајќи дека дијабетесот не е само здравствена тема, туку и можност за обединување, солидарност и заедничко дејствување.
Голема благодарност до Сина Револуција што ни дадоа шанса да бидеме дел од оваа успешна акција за подобрување на заедницата и борба против дијабетесот и да покажеме дека здравјето на луѓето и здравјето на природата се наша заедничка одговорност.












































