октомври 27, 2025

Донација на школски прибор

Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше неколку активности со цел обезбедување и донација на школски прибор за деца од социјално загрозени семејства. Првата активност беше хуманитарна забава за млади која се реализираше на летната сцена при Центарот за култура Марко Цепенков. Втората активност беше проекција на филм во кино салата од Центарот за култура Марко Цепенков. Следната активност која што се реализираше беше собирна акција за училишен прибор, која се реализираше во центарот на градот и имаше добар одзив од страна на граѓаните за истата. Со собраните средства од продажбата на карти за кино проекцијата и забавата беа купени школски прибори кои беа донирани во ООУ Добре Јованоски од Прилеп на ученици од социјално загрозени семејства.

< врати се назад