
ноември 27, 2026
Едукација по прва помош за ученици и вработени од ООУ Климент Охридски Прилеп
Во соработка со ООУ Климент Охридски од Прилеп, а согласно планот на активности Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше едукација по прва помош за ученици и вработени од училиштето.
Едукацијата се реализираше во просториите на ООЦК Прилеп од страна на обучен предавач по прва помош и на истата присуствуваа вкупно 41 лице и беа опфатени теми од првата помош кои што се во најголем интерес на учениците и вработените од основното училиште.












































