
март 11, 2025
Креативни работилници за изработка и продажба на мартинки
Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализација на активностите од Годишниот план за работа за 2025 година, па така во текот на минатата недела беа реализирани креативни работилници за изработка на мартинки. Младите волонтери од Клубот на млади повторно на дело ја покажаа својата креативност и хуманост, па преку изработката на мартинките и нивна продажба уште еднаш ќе помогнат на социјално загрозени семејства кои им е потребна помош.
