
мај 5, 2025
Крводарителска акција во СОУ Гимназија Мирче Ацев Прилеп
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со СОУ Гимназија Мирче Ацев од Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина, организираа крводарителска акција за учениците и вработените од училиштето. Крводарителската акција беше спроведена на ден 30.04.2025 година, која претходно беше најавена кај средношколците од наш мотиватор за крводарителство и на истата даруваа вкупно 18 крводарители.
