
ноември 25, 2026
Обука за прва помош
Во соработка со Здружението на граѓани Преродба од Прилеп, обучен предавач по прва помош од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше обука по прва помош за членството на Здружението. Обуката се реализираше во просториите на Здружението и опфаќаше различни полиња од првата помош кои беа од интерес на самите членовите на Здружението и истите покажаа голема заинтересираност за самата обука преку примери и прашања од секојдневниот живот.












































