декември 3, 2024

Одбележан месецот на борба против зависности

Во текот на месец Ноември беа реализирани неколку активности за одбележување на месецот на борба против зависности од страна на обучени волонтери при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп. Беа реализирани едукации во Клубот на млади, СОУ Ѓорче Петров, СОУ Орде Чопела и ООУ Климент Охридски, истите ги држеа врснички едукатори од Клубот на млади и на нив присуствуваа вкупно 183 млади лица. Панелдискусијата за млади за превенција од болести на зависност се реализира во просториите на ООЦК Прилеп, истата беше реализирана од страна на долгогодишни и искусни предавачи од областа за превенција од болести на зависности. На истата присуствуваа членови на Клубот на млади но и општа млада популација. Младите на панел дискусијата имаа можност од искусните предавачи да научат како да си го заштитат сопственото здравје и иднина преку најразлични техники и методи за справување со одредени ситуации.

< врати се назад