март 10, 2026

Одбележување на 8-ми Март

Вредните раце на волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Прилеп преку креативни работилници за изработка и продажба на мартинки успеаа да обезбедат цвеќиња за сите жените кориснички во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник” и случајните минувачки на плоштадот во центарот на градот на кои им го разубавија денот и ги потсетија колку се ценети. Додека го славиме Меѓународниот ден на жената, не им оддаваме почит само на неверојатните достигнувања на жените ширум светот, туку и им се заблагодаруваме за клучната улога што ја играат во обликувањето на порамноправно општество за сите. Да продолжиме да се стремиме кон свет каде што ќе се слуша гласот на секој жена, ќе се почитуваат правата на секоја жена и ќе се увиди потенцијалот на секоја жена.

< врати се назад