септември 11, 2026

Одбележување на Светскиот ден на првата помош под мотото: Прва помош и миграции

Светскиот ден на првата помош се одбележува секоја година во втората сабота во септември, почнувајќи од 2003 година. Неговата цел е да ги потсети луѓето дека првата помош е витална вештина, достапна за секого и неопходна за спасување животи ширум светот. Познавањето на основните техники за прва помош помага да се намалат страдањето и сериозноста на повредите, ја подобрува подготвеноста за справување со катастрофи и овозможува поефикасно реагирање во итни ситуации. Обуката за прва помош, исто така, има клучна улога во зајакнувањето на отпорноста на заедниците, преку поттикнување на секој поединец активно да учествува во одговорот како на секојдневни несреќи и инциденти, така и на вонредни и исклучителни ризици. Обуката за прва помош претставува достапна алатка која ги оспособува поединците и заедниците да препознаат кога некој е во неволја, да обезбедат непосредна поддршка и кога е потребно, да ги поврзат лицата со соодветните услуги.

< врати се назад