ноември 25, 2026

Подобрување на квалитетот на животот на старите лица

По повод Неделата за грижа на стари лица Црвен крст на РСМ Општинска организација  Прилеп ангажираше тимови од волонтери за посета на стари лица кои живеат сами и се соочуваат со социјална изолација. Тимовите на старите лица покрај помош во домот и поддршка во секојдневните обврски на старите лица им овозоможија и креативно поминување на слободното време преку игри, разговор и активности за унапредување на здравјето и психосоцијалната состојба се со цел подобрување на квалитетот на нивниот живот. Тимовите беа ангажирани и поддржани од самата ООЦК Прилеп, која во текот на имплементација на своите програмски активности ги согледала потребите на старите лица во нивната заедница.

< врати се назад