
Регионален натпревар по прва помош – Регион 1
На 09.05.2026 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп беше домаќин на Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1) на кој учество зедоа 14 екипи од Општинските организации на Црвен крст. На натпреварот имаше околу 100 натпреварувачи и 200 други учесници волонтери во својство на судии, манекени, шминкери, логистика, водичи на екипи и останати волонтери на кои во оваа прилика ООЦК Прилеп сака да им изрази благодарност за придонесот и целокупната поддршка. Успешната реализација на натпреварот секако не би била возможна и без партнерите кои не поддржуваа на кои исто така им изразуваме голема благодарност, а тоа се АД Витаминка, Прилепска Пиварница, НУЦК Марко Цепенков, ООУ Климент Охридски Прилеп и секако Локалната самоуправа на Прилеп предводена од градоначалникот Дејан Проданоски и претседателката на Советот на општина Прилеп Билјана Кржеска.
На натпреварот бевме сведоци на прикази на вештина, тимска работа и посветеност за укажување на прва помош – вештина што спасува животи и го негува хуманото меѓу младите.












































